Руждија Калач: Последна федерација сме која  го фаќа последниот „воз“, што почнуваме да вложуваме во себе

 

Во Охрид се одржа семинарот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) за тренери и судии, а предавачи беа професорите Руждија Калач и Војо Настевски од Факултетот за физичка клутура, спорт и здравје во Скопје. Темата на семинарот беше „Улогата на тренерот во боксерскиот спорт“.

„Јас сум единствен тренер со три ѕвезди, за тоа треба да си учесник на Европско првенство или Светско првенство  и да имате одреден број на победи. Европа е тешка за да се дојде до успех, сепак мора да се има во предвид  дека мора се посетуваат семинари, за да се разговара и напредува во тренерската кариера со полна слобода на изразување“, рече професорот Руждија Калач во почетокот на своето излагање.

Тој нагласи дека е потребно е да инвестирате во себе, иако можеби е скапо , но тоа  носи успех и прогрес. Според него, секогаш има добри, подобри, најдобри, рекреативци, почетници, има тренери кои долго работат, има од оние кои се загрижени и незагрижени, но треба да се вложува во себе за да  се напредува.

„Во боксот  или имаш или немаш резултат, затоа е специфичен спорт. Проблеми има многу, но затоа треба да се соработува и вложува во себе. Ние сме последна федерација која  го фаќа последниот „воз“, што почнуваме да вложуваме во себе.

Јас зборувам од искуство, со многу од вас сум одел на турнири, сме немале средства за подготовки, затоа сум инвестирал во себе. Ова е фела која е најсиромашна во спортот кај нас. Немаме  соодветни услови, професијата спорт е скапа работа, но затоа имаме желба  да вложиме во себе“, рече Калач и додаде дека е потребна дата база за тренери, нешто што недостасува во БФМ а го бара АИБА  и е во процес на  создавање .

Професијата тренер бара „цел човек “, ќе рече Калач, образуван, стручен, посветен на професијата , тоа се услови за успех. Секако, смета тој, тренерот треба да биде соодветно платен за да биде успешен, тоа во моментов во боксерскиот спорт не се случува.

Професорот Војо Настевски истакна дека едукативните работи во спортот се многу важни, па затоа оваа средба на тренерите од боксерскиот спорт е многу важна во рамки на БФМ.

„Едукацијата е една од најважните работи, ние како држава имаме поразителен податок дека кај нас од училишната возраст во спортот се вклучени само 4-5 проценти.

БФМ и тренерите треба да си помогнат едни на други , само така овој спорт ќе напредува.

Нашата цел и идеа е да направиме  да ни помогнат школите, да се вклучат децата во боксерскиот спорт, раната спортска едукација е  многу важна. Потребно е да се отворат школи за бокс. Ссекако, градовите каде што нема бокс треба да им помогнеме. Сакаме  да има соработка . Сакаме да ги анимираме децата од школска возраст, преку едукација, а тука се главни тренерите“, истакна Настевски.

Според него, успесите не може да се дојдат веднаш, затоа е потребно да се случуваат вакви семинари, посочувајќи дека Едукативниот центар при БФМ има можност да помогне во развојот на боксот. Како и Калач, тала и Настаевски ја потенцираше потребата сите боксери и тренери да имаат дата база, која мора да се ажурира, со цел да се одговори на Европската боксерска федерација. Во таа Едукативниот центар подготви формулар за тренрите кој ќе помогне за евиденција и создавање дата база  за тренерите  и активните боксери  во клубовите.

Претседателот на БФМ, Примислав Димовски, посочи дека боксерските клубови кои сакаат можат да одат во кик бокс и обратно, бидејќи тоа е овозможено. Токму Димовски имаше горко искуство во оваа насока, бидејќи пред четири години Кик бокс федерцаијата, однонсо нејзината претседателка му оневозможи меч на Држвано првенство против еден од најдобрите кик бокс тешкаши Александар Димовски – Димса кој исто така е и боксер.

Ipon.mk

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО