Дош Сантос го нокаутира Луис, Иванов го победи Ротвел (ВИДЕО)

Жуниро дош Сантос (21-5, 15-4 УФЦ) ја забележа третата последователна победа по поразот од Стипе Миочиќ.

Поранешниот шампион во тешка категорија во главната борба на УФЦ настанот во Вичита во втората рунда го нокаутира Дерик Луис (21-7, 12-5 УФЦ).

„Цигано“ го стресе Американецот со заден десен директ, а потоа го заврши со серија на удари. Луис е во втор последователен пораз. Во ноември загуби со сабмишн од шампионот Даниел Кормиер.

И двајцата беа наградени со бонус од 50.000 долари за борба на вечерта.

Велтерашот Елизо Залески дош Сантос (21-5, 7-1 УФЦ) ја постигна седмата победа во серија, совладувајќи го со давање од позади Кертис Милендер (17-4, 3-1 УФЦ).

Бугаринот Благој Иванов (01.02.17, 1-1 УФЦ) со едногласна одлука го порази Бен Ротвел (36-11, 6-5 УФЦ) во неговата прва борба во последните три години.

Бонуси за изведби на вечерта добија Бенеил Дариуш (16-4-1, 10-4-1УФЦ) кој со пресврт во мечот дојде до победа со армбар против Древ Добер, како и Нико Прајс (13-2, 5-2) кој во втората рунда го нокаутира Тим Минс.

https://www.youtube.com/watch?v=4CUnMRe-fF8

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=yysMgkOkOzo

https://www.youtube.com/watch?v=h_pHJipQ7Rw

https://www.youtube.com/watch?v=Rbx0Xr0h5E0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО