Руските борци добија зелено светло за настап на УФЦ Лондон (ВИДЕО)

Сите Руси кои беа однапред пријавени за гала вечерта на УФЦ во Лондон добија дозвола и ќе можат да влезат во октагонот. Ова стана факт откако успешно го минаа мерењето пред настанот во О2 арената што ќе се одржи во сабота навечер во англиската престолнина.

На позадината на масовното дистанцирање на водечките меѓународни организации од руските спортисти по инвазијата на Украина, имаше индиции дека ќе им биде забрането и нема да им биде дозволено да се борат на Островот овој викенд. Сепак, се чини дека шефот на УФЦ, Дана Вајт, успеа да им договори статус да се вклучат и да не ја откажат целата гала вечер.

Така, во позадината на тензиите во Украина, во Лондон ќе има настан на кој ќе учествуваат 8 руски борци. Александар Волков ќе му се спртивстави на Том Аспинал. Тие успешно го поминаа мерењето, се разликуваа минимално по тежина. Волков ги закова стрелките на 114,76 кг, додека неговиот противник тоа го направи на 114,31 кг.

Локалниот миленик Ден Хукер се врати во перо категорија. Тој успеа да ја надмине првата пречка, покажувајќи дека е уште полесен од Арнолд Ален. Хукер во битката влегува со тежина од 65,77 килограми, а противникот му е 66,22.

Главна карта
Тешка категорија: Александар Волков (114,76) – Том Аспинал (114,31)
Перо категорија: Арнолд Ален (66,22) – Ден Хукер (65,77)
Лесна: Педи Пимблет (70,31) – Казула Варгас (70,31)
Полусредна: Гунар Нелсон (77,56) – Такаши Сато (77,11)
Мува категорија, жени: Моли Какан (56,70) – Луана Каролина (57,15)
Лесна: Џеј Херберт (70,31) – Илја Топурија (70,76)

Прелиминарни
Перо категорија: Мајк Грунди (65,77) – Макван Амирхани (66,22)
Тешка категорија: Шамил Абдурахимов (117,03) – Сергеј Павлович (115,21)
Лесна категорија: Никита Крилов (92,99) – Пол Крег (93,44)
Петел категорија: Џек Шор (61,69) – Тимур Валиев (61,69)
Сламка категорија, жени: Кори Мекена (52,16) – Елиз Рид (52,16)
Мува категорија: Мохамед Мокаев (56,70) – Коди Дурден (57,15)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО