Легенда на Манчестер Јунајтед станува боксер

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра ќе си ја проба среќата во боксерскиот ринг. Бекот, кој со селекцијата на Франција го освои сребрениот медал на Европското првенство во 2016 година, ќе учествува на гала вечер на 30 април во Лондон.

Легендата на „црвените ѓаволи“ објави дека во боксерски меч ќе се соочи со Адам Салех. Американецот е Јутјуб ѕвезда кој има 4,8 милиони следбеници. Двајцата ќе го предводат шоуто кое ќе се одржи во О2 арената во англиската престолнина.

„Ќе ми треба поддршка од целото мое британско семејство, од нивната љубов. Не само од Лондон, туку и од сите на Островот, бидејќи се впуштам во нешто навистина лудо“, напиша Евра на Инстаграм.

40-годишниот поранешен фудбалер се повлече од терените во 2019 година. Неговиот противник има значително поголемо искуство во рингот, има три показни натпревари, од кои на два победи, а еднаш мечот заврши нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО