На ранг-листата на Светската боксерска асоцијација (ВБА) се вратени боксерите од Руската Федерација и Република Белорусија.
Веста ја соопшти прес-службата на организацијата.
„Спортистите од овие земји не се војници или дел од владата, така што немаат никаква врска со конфликтот во Украина.
За доброто на спортот и за доброто на нивните кариери, тие ќе бидат вратени на работа и ќе се натпреваруваат за титулите на ВБА“, се вели во соопштението на ВБА.
Потсетуваме, Светската боксерска асоцијација ги исклучи руските и белоруските боксери од својата ранг-листа во март годинава. Тогаш беше забележано дека оваа мерка е привремена и беше кажано дека ќе се ревидира секој месец.