Рускиот ММА сојуз ја прифати оставката на Федор Емелијаненко

Рускиот ММА сојуз ја прифати оставката на легендата Федор Емелијаненко од функцијата претседател на организацијата. Ова го потврди в.д претседателот на федерацијата Андреј Терентев.

Денеска се собра тимот на Рускиот ММА сојуз кој ја прифати оставката на Фјодор Емелијаненко“, изјави Терентев за ТАСС.

Федор е претседател на Рускиот ММА сојуз од основањето на организацијата во 2012 година. Во октомври 2018 година, Емелијаненко ја напушти функцијата, а во јуни 2022 година повторно ја презеде.

Во текот на кариерата во ММА Емелијаненко имаше 48 борби во кои оствари 40 победи (16 со нокаут), 7 порази и 1 неуспешна борба. Во февруари оваа година Федор се бореше со Рајан Бадер и загуби со нокаут.

Ова конечно ја заврши кариерата во ММА. Сега Емелијаненко планира да се бори во бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО