Руски промотор ги откупил долговите на Рој Џонс

Roj dzons so protivnikot lice v lice

Боксерскиот менаџер и промотор, Владимир Хрјунов, ги откупил долговите на Рој Џонс веднаш откако легендарниот боксер стана руски државјанин. Поранешниот светски шампион во лесна-тешка и тешка категории должи околу 3 милиони долари на кредитори. Хрјунов лично го направил договорот со адвокатот на Џонс, по што му исплатил еден милион од долговите.

„На 10 септември потпишав документ со кој се обврзувам да ги платам обврските на Рој Џонс. Освен тоа, ќе ги преземам и неговите долгови кон даночните служби. Откако се договоривме со Рој, тој почна да живее доста скромно и сигурно. Пред тоа, постојано беше баран од кредиторите. Во својот живот Џонс заработил десетици милиони долари. Тој инвестираше пари во бизнис потфати. На пример, потрошил доста пари во музичкиот бизнис, од кој не успеал да направи приходи“,  изјави Хрјунов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО