Неверојатен куриозитет се случи во гласањето на руските читатели на електронското издание на весникот „Спорт-експрес“ за вистинскиот победник од олимпиското финале меѓу Евгениј Тишченко (Русија) и Василиј Левит (Казахстан).
Борбата за злато во категоријата до 91 кг стана најскандалозниот натпревар на Игрите во Рио. Русинот победи со судиски одлука, но беше сурово исвиркан од навивачите по подигнувањето на неговата рака и за време на церемонијата на доделувањето на медалите.
Анкетата на „Спорт-експрес“ покажа дека 59,3 отсто од гласачите сметаат дека Левит е победник. Во гласањето учествувале над 31.000 лица.
Одекот од овој дуел не се смирува откако таен клип снимен пред почетокот на телевизиска емисија со учество на Тишченко го покажа грозоморниот однос на Русинот.
„Јас не чувствувам никаква почит кон публиката и не ми се допаѓа Казахстан како нација“, се зборовите на Тишченко во видеото.