Русија доби четиригодишна суспензија од сите големи спортски настани од страна на Светската анти-допинг-агенција (ВАДА).
Ова значи дека руското знаме и руската химна ќе бидат забранети на Олимписките игри во Токио во 2020 година и на Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година. Руските спортисти кои ќе можат да докажат дека не биле тренирани под допинг програмата на Русија ќе имаат шанса да се натпреваруваат на големите турнири под неутрално знаме.
ВАДА донесе едногласна одлука на состанок во Лозана, Швајцарија, а оваа суспензија доаѓа откако Руската анти-допинг агенција не сакаше да соработува со истражителите во јануари годинава.Русите требаше да ги предадат сите документи и податоци од својата Анти-допинг агенција, како услов за нивнот враќање на спортската сцена по претходната суспензија од три години поради државно финансираниот допинг-скандал.