Розенструик разочаран што судијата го прекина мечот: A штотуку почнавме да разменуваме тешки удари

Рускиот ММА борец Александар Волков го победи Жаирзињо Розенструик со прекин во првата рунда на настанот УФц Фајт најт 207 во Лас Вегас.

Многумина се согласуваат дека судијата Херб Дин прерано го прекина натпреварот.

Имено, борбата заврши во првата рунда откако Русинот го удри противникот со неколку силни удари во главата.

Суринамецот се тетеравеше и се потпре на оградата на кафезот, обидувајќи се да се врати во мечот.

Во тој момент Дин го запре Волков, а Розенструик беше изненаден од одлуката на судијата.

Дин досега судел повеќе од 3.500 ММА борби, од кои повеќе од 200 во УФЦ. Неодамна имаше неколку критики за неговото судење.

„Здраво на сите. Малку сум збунет и разочаран од прекинувањето. Дефинитивно бев во лоша ситуација, но сето тоа беше далеку од откажување. Дали некој лежеше на подот со затворени очи!? Тоа е она што сите ние го нарекуваме нокаут“, напиша Жаирзињо Розенструик во првата објава на Твитер, а потоа следуваше продолжение:

„Александар и јас всушност само што почнавме да разменуваме тешки удари. Ова се работи што секој сака да ги види. Голема благодарност до Волков за борбата. Немам претрпено значителна штета и сакам наскоро повторно да се борам“.

Крајот на борбата меѓу Александар Волков и Жаирзињо Розенструик погледнете го ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО