Со месеци кружат гласини дека УФЦ може да организира борба за привремениот шампион во тешка категорија, откако Френсис Нгану заврши на операција на коленото и го чека малку подолго закрепнување.
Покрај тоа, Камерунецот се уште нема потпишано нов договор со промоцијата.
Во тој меч за привремениот појас би се бореле поранешните шампиони Стипе Миочиќ и Џон Џонс, за кого ова би била прва борба во тешка категорија.
Но, некои борци мислат дека тоа би било неправедно кон остатокот од дивизијата, барем така мисли Жаирзињо Розенструик.
„Во моментов не сум заинтересиран да се борам со шампионот бидејќи е повреден. Но, она што ме загрижува е што ќе се случи, мечот за привремениот шампионски појас. А кој ќе се бори за провизорната титула, постојано се споменуваат некои имиња, а јас не се согласувам со тоа. Има и други борци кои ја прават целата категорија актуелна“, истакна Жаирзињо Розенструик и додаде:
„И сакаат да организираат броба меѓу Стипе Миочиќ и Џон Џонс. Ова е неправедно кон другите борци во тешка категорија. Сите се бориме и сите треба да добиеме шанса. Мислам дека Картис Блејдес дефинитивно треба да добие место на тој меч. Не знам со кого би можел да се бори, но ги доби последните две борби“.
Картис Блејдс победи на шест од последните седум меча, а загуби во февруари минатата година од Дерик Луис.
Потоа го совлада Жаирзињо Розенструик, а во март беше подобар од Крис Даукаус со прекин во втората рунда.