Мајк Тајсон му даде совет на Конор Мек Грегор кој наскоро треба да им се врати на борбите

Конор Мек Грегор имаше само четири борби, три порази и една победа против Доналд Цероне во последните три ипол години.

Во октомври 2018 година загуби во борбата за титулата од шампионот Хабиб Нурмагомедов, а минатата година двапати беше поразен од Дастин Пориер.

Во последниот меч во јули мораше да го предаде мечот на крајот од првата рунда бидејќи ја скрши ногата.

Големата ѕвезда на УФЦ би требало наскоро да се врати во октагонот по една година рехабилитација.

Многумина се прашуваат кој би можел да биде противник на Конор во повратничката борба.

Мек Грегор ги прозва Чарлс Оливеира, Камару Усман, Дастин Пориер, а во последно време често се споменува и Хорхе Масвидал, но во комбинации се и Нејт Дијаз и Мајкл Чендлер.

Но, боксерската легенда Мајк Тајсон смета дека Ноториус треба да избере полесен противник.

„Конор, прво треба да си ја вратиш самодовербата и да го направиш она што го правиш најдобро – да победиш на возбудлив начин“, изјави Мајк Тајсон, мислејќи на можниот меч против Тони Фергусон.

„И средбата против Фергусон би бил тешка. Тој е воин, без разлика на неговите порази. Секогаш обезбедува возбудливи натпревари и тешко е да се победи. Конор треба да избегнува борец со големо име. Прво нека изгради самодоверба во три борби. И на секој нареден меч нека се бори со подобар противник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО