Пориер знае каде згрешил на мечот против Оливеира: Јас и Гејџи ја направивме истата грешка

Чарлс Оливеира има 11 победи во низа, а со триумфот во мај против Џастин Гејџи потврди дека моментално е најдобриот борец во лесна категорија на УФЦ.

Но, Бразилецот остана без шампионски појас во пресрет на настанот УФЦ 274 кој се одржа во Феникс, бидејќи бил потежок околу 200 грама од дозволената граница.

Иако не можеше да ја брани титулата, Оливеира многу решително влезе во мечот против Гејџи и веќе во првата рунда со завршница (гушењеод позади) победи.

Претходно на ист начин го совлада Дастин Пориер. Дијамонда заврши со гушење во третата рунда.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, потврди дека Оливеира повторно ќе добие шанса да го нападне појасот, но се уште не се знае кој би можел да биде неговиот следен противник, меѓу кандидатите се Ислам Махачев и Бенеил Дариуш.

Но, Дастин Пориер и Џастин Гејџи најверојатно повторно ќе ја бараат својата шанса.

Во едно неодамнешно интервју, Дајмонд откри дека знае каде згрешил на натпреварот против Оливеира, а истото го направи и Гејџи.

Џастин на почетеокот го стресе Оливеира, но не сакаше да продолжи. Можеше да дојде до горна позиција и да се обиде да ја заврши борбата. Требаше да се фрли на него. Ја направив истата грешка“, изјави Дастин Пориер.

Американецот добро ги познава квалитетите на Оливеира, но верува дека ги пронашол и неговите слабости.

„Мора да го почитувате неговото џиу-џицу. Отсекогаш го тренирам тоа, имам црн појас и тренирам со најдобрите. Верувам во моите џиу-џицу вештини. Знаев дека е добар во тоа и планот беше да се избегне борба на партер, изјави Дастин Пориер и додаде:

„И во втората рунда кога завршив на грб, се обидов да станам или одолговлекував во ќорсокак. Не нападнав со моите вештини за џиу-џицу, ниту се бранев, а требаше да го сторам тоа. Ќе беше добро да се обидов да стигнам до „завршница“. И само сакам да направам простор да станам и да ја кренам борбата на нозе“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО