Жерзињо Розенстрик (8-0, 2 KO) го забележа вториот најбрз нокаут во историјата на тешката категорија на УФЦ.
31-годишниот Суринамец на УФЦ Фајт најт 154 во Гринвил за 9 секунди го нокаутира Ален Кроудер (10-4, 1-2 УФЦ).
Розенстрик го уриваше противникот со првиот упатен удар, со преден директ во кој налета Кроудер. Борбата беше завршена откако го прими првиот удар во партер, а другите два удари само ја зацементираа победата на Суринамецот.
Рузенстрик во дебито во втората рунда го нокаутира Жуниор Албини, а во борбата пред да доаѓањето во УФЦ славеше со нокаут за 10 секунди.
Рекордот во тешка категорија на УФЦ го држи Тод Дафи кој за секунди го нокаутира Тим Хаг.
Розенстрик е дојденец од кикбоксот. Најзначајната победа во кикбоксот ја постигна во 2011 година кога на Супер комбат во првата рунда го нокаутира Бенџамин Адегбаи.
Првите две борби за ММА ги направи во 2012 година, но со мешаните боречки вештини паузира до 2017 година.
Кроудер му беше противник на поранешниот американски фудбалер (рагби) Грег Гарди во неговото УФЦ деби. Харди е дисквалификуван, а на Краудер засега тоа му е единствената победа во трите настапи за УФЦ.
И во главната борба во Гринвил е виден брз нокаут.
„Корејското зомби“ (15-5, 5-2 УФЦ) за само 58 секунди го заврши Ренато Карнеиро „Мојкано“ (13-3-1, 5-3 УФЦ).
32-годишниот Чан Сун Јунг со десно кроше го рушеше, а потоа со удри од позади го принуди судијата на прекин.
Ова му беше прв меч по поразот со нокаут од Јаир Родригез во ноември минатата година.
Бразилецот во претходната борба беше поразен со технички нокаут од Жозе Алдо.