Мусаси ја загуби титулата на Белатор (ВИДЕО)

Белатор има нов шампион во средна категорија.

Иако непобедениот Рафаел Ловато Јуниор пристигна во Лондон (10-0) како аутсајдер во мечот со бранителот Гегард Мусаси (46-6-2).

Но, Мусаси немаше одговор на вештините на 36-годишниот Американец, а Ловато стана нов шампион со мнозинската одлука на судиите.

Пол Дејли (41-17-2) со едногласна одлука на судиите го победи Ерик Силва (20-11-1НЦ), во дуелот на поранешните борци на УФЦ.

36-годишниот „Семтекс“ со ова ја прекина серијата од два порази, додека на една година помладиот Бразилец ова му беше втор последователен пораз.

Покрај Мусаси, на Белатор во Лондон настапија уште тројца Холанѓани.

Мелвин Манхоеф (31-14-1-2 НЦ) во првата ММА борба од април 2017 година со едногласна одлука на судиите гопобеди Кенеди Каупинен (11-5) и ја прекина серија од два порази.

Во претходниот меч Англичанецот за 70 секунди го нокаутира Алесио Сакара.

Костело ван Стинис (12-1) во втората рунда го нокаутира Мајк Шипман (13-2), а Денис Килхолц (3-2) во третата Брајони Тирел (4-4-1).

Белатор 223 / Белатор Европа 3:
Рафаел Ловато Јуниор Гегард Мусаси (мнозинска одлука на судиите, 47-47, 48-47, 48-47)
Мелвин Манхоеф Кент Каупинен (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Арон Чалмерс Фред Фримен (сабмишн, триаголник, Р2)
Пол Дејли Ерик Силва (едногласна одлука 29-27, 29-27, 29-27)

Џејмс Галагер Еремија Лабано (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Костело ван Стинис Мајк Шипман (KO, Р2)
Денис Килхолц – Барјони Тирел (TKO, Р3)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО