Американскиот тренер Фреди Роуч скроз го отпиша Конор Мек Грегор во мечот со Флојд Мејведер во супердербито на 26 август во Лас Вегас.
„Дали треба слична борба да се одржа“ – праша реторички специјалистот и додаде: „Одговорот е не, затоа што реално тоа е ММА против бокс. Во таков свет живееме дека оваа средба се претвора во некоја голема драма. Луѓето зборуваат дека тоа е смешно. Не е токму затоа што Мек Грегор може да победи. Не е боксер и ќе му биде исклучително тешко да стигне до Мејведер, а да не зборуваме да зададе удар. Големо прашање е пред Флојд како ќе му се одразат овие две години надвор рингот. Мејведер нема да го потцени Конор. Ќе користи движење и разорниот лев директ“.
.