Роуч: Ако двете раце му беа здрави на Пакијао тој ќе го нокаутираше Флојд!

freddie-roach-lapi

Долгогодишниот тренер боксерски тренер на ѕвездата Мани Пакијао, Фреди Роуч, рече дека ако неговиот пулен бил целосно здрав ќе ја добиел битката со 38-годишниот Флојд Мејведер.

„Мани ми рече уште во првата рунда дека го боли десното рамо, но јас не сум лекар и не знаев колку е сериозна повредата. Продолжив да го советувам да прави притисок на Мејведер. Се уште не сум слушнал некој да зборува за реванш, но, сум убеден, дека со две здрави раце Мани требаше да го нокаутира“.

Пакијао го оперираше десното рамо веднаш по борбата. Повредата ја добил за време на подготовките за средбата, но таа се влошила во текот на мечот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО