Дејан Стефановски во најдобриот европски клуб Гладијатор!

 stefanovski udira

Дејан Стефановски на ММА настанот „Никшиќ фајтинг чемпионшип“ во Црна Гора пред две недели го победи еден од најдобрите српски претставници, Аелксанадар Јанковиќ. Стефановски ја доби борбата со гушење за две минути Тоа беше единствената победа за македонските борци.

Stefanovski davi

Тој со мешаните боречки вештини се занимава три години во Будо клубот од Велес, а за турнирот во Никшиќ вели:„Досега ова е најсилниот турнир во Црна Гора, каде што настапија натпреварувачи од повеќе земји. Очекувам уште посилни противници и борби“. Dejan Stefanovski so zname

Победата имаше одглас во регионот и доби покана да настапува во еден од најдобрите европски клубови за ММА.

„На 20 јуни заминувам за Дубровник, таму ќе тренирам во најдобриот клуб во Европа, Гладијатор. Тренер ќе ми биде Маро Перак, еден од најдобрите ММА борци во светот. А ќе имам можност да спарингувам со Анте Делија, Кристијан Перак, Хрвоје Сладе, Антун Рациќ, Карло Чапут и останати во клубот“, истакнува Дејан.

За добриот настап и врвната форма свои заслугии имаа Златко Петровски, Илија Андов, Дејан Трајковски, Кристијан Лазов, Мирза Сендиќ, како и Илија Младеновски и Димитар Ташковски од Босерскиот клуб Пинк Пантер и Дејан и Димитар Богданови од Боречкиот клуб Блаканец од Штип. Сепак, Лазар Ракиџиев ги спонозрира неговите активности, а разбирање имала и Општина Велес.

Stefanovski pobednik

„Еден од големите сонови ми се оствари, да тренирам во Гладијатор од Дубровник. Следниот сон е некогаш и некаде да го имам шампионскиот појас“, категоричен е Стефановски, кој најголемата потпора за остварување на сништата ја има во неговото семејство.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО