Рори Мек Доналд со давење го победи Пол Дејли, а потоа го нападна Мајкл Пејџ (ВИДЕО)

Рори Мек Доналд го победи Пол Дејли во главната борба на Белатор 179 во Лондон.

Канаѓанецот во дебито за американската промоција славеше со странично давење во втората рунда.

По борбата Далез во публиката го нападна Мајкл Пејџ.

https://youtu.be/wZsSDVaLzx8

Линтон Васел со давење со рачен триаголник во третата рунда го принуди на предавање поранешниот шампион во полутешка категорија Лијам Мек Гери.

Чеик Конго со поделена одлука на судиите го победи Бразилецот Аугусто Сакаи и му нанесе првиот пораз во кариерата. На 41-годишниот Французин ова му беше петта последователна победа.

Синот на починатиот Кимбо Слајс во својата втора професионална ММА борба ја постигна првата победа. Кевин Фергусон Јуниор со TKO во првата рунда го победи Д.Ј. Грифин.

Белатор 179:

Рори Мек Доналд – Пол Дејли (сабмишн, давење од позади, Р2)
Линтон Васел – Лијам Мек Гери (сабмишн, давење со рака, Р3)
Чеик Конго – Аугусто Сакаи (поделена одлука на судиите)
Алекс Лохоре – Ден Едвардс (ТКО, Р2)
Кевин Фергусон Јуниор – Д.Ј. Грифин (ТКО, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО