Ронда Русеј во нова холивудска улога наспрема Марк Валберг

wahlberg_rouseysffsf

УФЦ шампионот и најдоминантната спортистка во светот, Ронда Русеј, паралелно со УФЦ кариерата ја турка и онаа актерската. Овие денови е најавено дека ќе глуми во акциониот филм „Миле 22“, а ќе има улога на УФЦ борец кој се спротивставува на познатиот Марк Валберг.

Според сценариото, Валберг ќе игра улога на агент на ЦИА кој е стациониран во Индонезија и кој има задача да го преведе компромитираниот разузнавач од центарот на градот до аеродромот, кој е оддалечен само 22 милји од почетната точка. Можете да претпоставите дека на тој пат ќе наидат на многу опасности и пречки, од кои едната ќе биде УФЦ-овката Ронда Русеј.

Филмот во кино салите се очеува во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON