Ксанде Рибеиро го критикува директното давање на црни појаси на ММА борци

xande-ribeiro-bjj

Шесткратниот светски шампион, Ксанде Рибеиро, е решителен против инструкторите за бразилски џиу џицу директно да даваат црни појаси за оваа боречка вештина на ММА борци, а кои немаат претходно искуство со него. Се почесто се случува ова, а свежи се примерите со Рашид Еванс, Вондерлеј Силва, Даниел Кормиер (кој директно доби кафеав појас) и др. Еве какви се гледиштата на Рибеиро.

„Мислам дека тоа е срамно. Тоа е мајтапење! Не треба да даваш црн појас на некого, само затоа што тој е беспомошен. Треба да ги почитуваш учителите и соиграчите. Многу луѓе добиваат црни појаси само за да отворат академии, а тоа е неприфатливо.

Друга работа, што е големо разочарување за мене, е директното давање на црни појаси на ММА борци. ММА не е џиу – џитцу. Треба да знаеш како да користиш гито. Треба да си оддаден на џиу – житцуто и на учителот. Кажете им на овие ММА борци да покажат спајдер гард или некој суијп… Тие мислат само на слава и пари. Сум тренирал многу напорно за да дојдам до црниот појас. Бев лојален на своите учители и на партнерите за тренинг. Џиу – џитцу е едно нешто, ММА е сосема друго. Почитувајте го искуството“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО