Ронда Русеј се враќа во борба за титулата

ronda-i-majk-tajson

Ронда Русеј (12-1) ќе се врати во окатагонот по повеќе од една година отсуство и ќе ја предизвика шампионка Аманда Нунес.

Поранешниот светски шампион во бантам категорија ќе се обиде да го врати појасот на УФЦ 207 во Лас Вегас на 30 декември, објави Дана Вајт.

29-годишниот Американка ретко се појавуваше во јавноста по поразот со нокаут од Холи Холм во ноември минатата година

Вајт додаде дека ако Русеј победи дефинитивно ќе дојде до нејзината борба со Крис Киборг.

Нунес го освои појас против Миша Тејт на УФЦ 200 во септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО