Роналдо воодушевен од фудбалските умешности на Хабиб (ВИДЕО)

Фудбалот е голема страст на Хабиб Нурмагомедов и игра во секој погоден момент. Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија продолжува да флертува со најголемата споредна работа на светот. Тој е пријател со некои од најдобрите играчи во моментов и е близок со сопствениците на клубовите.

Пред неколку недели беше објавено дека Хабиб потпишал со локален тим во Дагестан. Сепак, се покажа дека се работи за лажна вест, а Хабиб тоа го негираше. Понудите за него не изостануваат од клубовите во Русија.

Сепак, Хабиб многу се здебели и неодамна призна дека треба да ослаби доколку сака да игра професионално. Фудбалскиот клуб што го привлече Хабиб дефинитивно ќе придобие многу фанови. На социјалните мрежи Нурмагомедов покажа како игра и постигнува гол.

Фудбалската легенда Кристијано Роналдо се приклучи во коментарите и му аплаудираше.

Ова е настапот на Нурмагомедов кој го импресионираше Роналдо:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО