Романтичарот Берат Јакупи се зарече на вечна љубов со…!

448

Berat i Betime vo Ohrid

Еден од најдобрите македонски каратисти, Берат Јакупи, „скокна во тавче“! Како вистински романтичар во душата тоа го направи на сензибилен начин на едно посебно место. Во интервјуто ќе дознаете како се зарече на вечна љубов и верност до крајот на животот!

Како се реши да скокнеш во тавче?

-Едноставно, се случи! Верувајте дека не можам да најдам зборови како да го објаснам ова. Некои работи не можат да се предвидат во животот.

Која е избраничката на твојот живот?

-Веќе некое време сме заедно. Нашата врска се зацврсти со текот на времето. Почуствував дека е вистинската девојка за мене. Имаме многу заеднички нешта за кои се согласуваме и разбираме. Бетиме Зулали е професорка по музичко. Моментално работи во Средното музичко училиште во Струга. Освен тоа, таа е многу талентирана пеачка и има реализирано неколку песни (забавни песни, претежно балади). Засега е многу добро прифатена од публиката и луѓето од музичката фела.

Каде ја побара нејзината рака?

-Тоа се случи во Охрид. По една романтична прошетка со бротче по Охридското Езеро, ја запросив! И ветив дека ќе ја сакам и ќе и бидам верен цел живот! Не знам што друго и кажав! Зборуваше моето срце, јас не. Иако трогната од ова изненадување, Бетиме прифати да биде мојот сопатник во нашиот заеднички живот.

Церемонијата на веридбата ја направивме во Струга, односно во нејзиниот дом, каде што ги разменивме прстените. Потоа,  во фамилјарна атмосфера, церемноијата ја крунисавме во еден струшките ресторани.

Berat ja zaprosuva Betime

Нели си уште млад за женење?

Како што кажав погоре, некои работи не можат да се предвидат во животот. Вистина е дека во преден план ми беа спортот и дипломирањето. Оваа година планирам да ги завршам студиите. Пред ова, никогаш не сум размислувал за веридба или женидба. Но, ете, се случи! Љубовта победи! Едноставно, треба да се почувствува кога е вистинскиот момент и која личност стои пред тебе.

Дали бракот ќе влијае на твојата кариера?

-И двајцата сме со таканаречена професија. И тука немаме никакви недоразбирања. Мислам дека нема никаква препрека во ова насока. Се поддржуваме и си помагаме еден на друг. Верувам дека работите ќе течат во најдобар ред.

Како беше прифатена новоста од пријателите, колегите и родителите?

-Само честитки и добри зборови. Ми посакуваа среќа и добра иднина. Моите родители и двете сестри, многу се израдуваа и се многу среќни поради мојата одлука. Тие со нестрпление го чекаат денот на свадбата, тогаш, и официјално, нашата фамилија ќе се зголеми со уште еден член.

Дали планирате некое заедничко патување?

-Да, планираме заедничко патување, и тоа наскоро. Нашата дестинација е Париз. За Париз ме врзуваат многу работи, а една од тие е дека токму во Париз, за првпат, станав европски првак. Го обожавам тој град! И сакам, мојата сакана да ја запознаам со убавините на овој град.

Berat kiae

Што правиш на карате план сега?

-Моментално сум во фаза на залечување на повредите добиени од премногуте дуели минатата година. Овие денови почнувам со терапија. Поради неколкуте натрпревари и подготовките изминатите месеци морав да прекинам со терапиите. Спортскиот лекар, ианку мој добар пријател, ми препорача дека треба целосно да прекинам со активностите поради сериозноста на повредите, за да може повредите целосно да заздрават. Исто така, имам отворено мој карате клуб во Гостивар. Во јуни, кога би требало да го направам мојот трансфер од КК Фати во мојот клуб, ќе го активирам клубот, по што планирам за брзо време да се вратам во добра форма и да бидам подготвен за новите предизвици. Со Господ напред и здравјето да ме служи.

Во оваа прилика сакам на моите пријатели и колеги од православна вероисповед да им го честитам Велигден и да им посакам задравје, среќа и радост!

ipon.mk/В. Донев