Романецот Рарес го надмудри Данов!

Boban Danov

Македонскиот борач Бобан Данов (125 кг) беше поразен од Романецот Кинтоан Рарес со 2-12 на Меѓународниот турнир „Дан Колов-Никола Петров“ во Софија, Бугарија, во борбата за третото место.

Во квалификациите загуби од натурилизираниот Словак, Сослан Гаглоев, со технички туш 0-4 (1-11 на поени). Подоцна, Гаглоев победи во оваа категорија, откако во финалето беше подобар од Иранецот Јадолах Мохеби со 3-1 (7-2 на поени). Данов во борбата за пласман од третото до петтото место беше поразен и од Рарес, 1-4 (2-12 на поени).

По поразите на Јасин Реџелари и Бесмир Весели, ова е третиот наш борач што не успева да извојува победа на силниот турнир во Бугарија. На крајот данов го освои петото место.

Да се надеваме дека утрешниот ден ќе биде успешен за Дејан Митров и Дејан Богаданов.

Сите денешни резултати од „Дан Колов-Никола Петров“.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО