Јуниорот Бобан Илиоски стана сениорски првак во лоу кик!

Бобан Илиоски
Бобан Илиоски

Денес во Скопје се одржа Државното првенство во кик бокс во повеќе дисциплини (кик лајт, лоу кик, поинт фајт) и различни возрасни категории. Учествуваа 183 натпреварувачи од 20 клуба.

Гладијатор-Штип
Гладијатор-Штип

Се водеа интересни борби, но најголемиот наплив на натпреварувачи беше во кик лајт.

Очекувањата ги опрвадаа и станаа шампиони на Македонија: Ненад Манојловски, Бобан Илиоски, Божјидар Јанков (јуниосрки), Викторија Варадинова, Виктор Дуковски, Никола Каранфоловски и други.

Еден од поуспешните клубови беше Сеишин од Битола, со 11 златни и 4 сребрени медали во сите конкуренции.

Hadis Ramadani na drzavno

Една од најинтересните борби на Првенството беше во лоу кик меѓу јуниорот Бобан Илиоски од Шампион-Скопје и 10 години поворзасниот Дејан Ристевски од Самурај- Битола. Илиоски во голем стил ја доби борбата и стана сениорски првак на Македонија, со што навести дека годинава може да очекуваме добар резултат на големите првенства.

И Хадис Рамадани (-67 кг) од Еико-Скопје ги оправда очекувањата и ја освои титулата државен првак во јуниорска категорија во лоу кик. Тој го совлада Ружди Реџепи од Чемпион- Скопје.

Заншин-Битола
Заншин-Битола

Комплетните резултати ќе ги имаме подоцна.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО