Рој Џонс се закани дека ќе ја откаже борбата со Мајк Тајсон

Минатата недела беше објавено дека бокс мечот меѓу легендите Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор ќе биде одложен – од 12 септември за 28 ноември. Не беше дадена причина за одложувањето.

Сега се чини дека еден од учесниците не е задоволен од промената.

Во интервју за „Дејли мејл“, Џонс изјави дека сака да биде компензиран за промената во плановите, во спротивно средбата би можела да пропадне.

„Подобро ми беше да го направам тоа на веќе планираниот датум, затоа што бев фокусиран и сега морам да останам фокусиран“, рече Џонс. „Морав да откажам други ангажмани, за да го ослободам мојот датум. Ова направи многу забуни во мојот календар. Сега морам повторно да го преуредам.

Ова е голем проблем. Веќе не сум само боксер. Имам и други обврски од кои заработувам. Ако не можам да направам други работи, тогаш морам да бидам компензиран за тоа. Тоа не е прифатливо.

Се обидуваме да изедначиме сè. Моите адвокати разговараат со нивните адвокати. Се обидуваме да ја поправиме ситуацијата за да можам да се компензирам. Ако не се случи нешто значајно, мечот нема да успее.

Зошто би сакал да го сменам датумот кога веќе дадов согласност за 12 септември? Велат дека сакаат да донесат гледачи. Па, ако сакаат гледачи сакаат, тогаш мојата такса треба да биде различна. Ако сакате огромен настан – тогаш станува збор за сосема различни пари.

Би се согласил, но ајде да ја преиспитаме мојата плата. Не добивам промена во процентот. Ова не е фер за мене. Ајде да видиме што се случува“, изјави Рој Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО