Сол Алварез Канело сака меч во Англија со Били Џо Сандерс

Шампионот во средна категорија на ВБА има планови да се врати во рингот нешто подоцна оваа година.

Сол Алварез – Канело планира меч во Англија против Били Џо Сандерс или Калум Смит. Мексиканецот треба да се врати на 12 септември, но се уште нема противник.

Канело си поставил цел да стигне до повеќе фанови и така неговиот настап во Англија добро се вклопува во неговата стратегија.

Во исто време, Канело преговара за битка во Јапонија.

Последната битка за Канело беше против Сергеј Ковалев. Канело го победи во 11-тата рунда. Сандерс последен пат се бореше во ноември, кога го победи Марсело Естебан. Двата меча се одржаа во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО