Џон Џонс ја ослободи титулата, за да се пресели во тешка категорија

Џон Џонс објави дека имал сериозни разговори со УФЦ и официјално се откажал од титулата. „Коски“ последниве неколку часа е доста активен на социјалните мрежи и ги држи во тензија со тоа што се случува. Првично најави дека се откажува од титулата и дека ќе оди на голем одмор од борбите во кафезот.

Малку подоцна, Џонс имаше нов разговор со УФЦ, во кој преговараа за борба во тешка категорија. Тој рече дека сè поминало добро и наскоро ќе почне да добива тежина за да дебитира во тешка категорија.

Џон реши да ги охрабри колегите во полутешка категорија и вети дека ќе донира 100.000 американски долари во добротворни цели доколку еден од нив победи на шест последователни меча.

„Само што го затворив телефонот по разговарот со УФЦ. Денес потврдив дека ја ослободувам титулата во полутешка категорија. Титулата официјално е ослободена. Беше неверојатно патување и искрено им се заблагодарувам на моите ривали, УФЦ и навивачите. Последниот пат кога разговарав со УФЦ за мојата плата, немаше никакви преговори.

Ако се промени тоа, тогаш ќе се вратам да се борам во тешка категорија. Дотогаш ќе уживам во УФЦ, но како навивач, ќе се грижам за моето семејство. Ќе останам во базата на податоци на УСАДА за следната година.

Пред малку разговарав со УФЦ и изгледа дека ќе почнам преговори за борба во тешка категорија. Има добри вести и почнувам да добивам тежина. Ќе донирам 100.000 УСД за добротворни цели ако еден од борците во полутешка категорија победи на шест последователни средби во шампионатот“, напиша поранешниот шампион во полутешка категорија на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО