Рој Џонс Јуниор: Усик е комплетно мало момче, но ако не го стори тоа, не знам дали може да победи

Боксерската легенда Рој Џонс Јуниор со нетрпение го очекува мечот за обединување на титулите во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик кој е закажан за 17 февруари во Саудиска Арабија.

Победникот ќе стане апсолутен шампион на дивизијата, за прв пат во последните дваесет години од триумфот на Ленокс Луис.

Поранешниот светски шампион во четири категории, од средна до тешка категорија, го кажа своето мислење за мечот меѓу Усик и Фјури.

„И двајцата ми се допаѓаат како борци и ми се пријатели. Не можам да кажам кој од нив ќе доминира во рингот, но книгата вели дека доброто големо момче го победува доброто мало момче. Но, Усик е малку поинаков“, вели Рој Џонс Јуниор и продолжува:

„Тој е целосно мало момче од повеќето борци. Тоа е како кога се борев со Џон Руиз. Тогаш не бев само мало момче, туку прилично комплетно мало момче“.

Тој го привлече вниманието на недостатокот на моќ во ударите на Усик.

„Слаба точка му е што нема експлозивна моќ во ударот. И тоа е криптонит за Фјури. Нгану има силен удар и го парти во нокдаун, го има и Вајлдер и неколку пати го собори Фјури“, додаде Рој Џонс.

Но, колку и да паѓаше Фјури во рингот, секој пат се враќаше, а не загуби ниту еден меч.

„Фјури падна седум пати во кариерата, но секој пат стануваше. Тоа кажува многу за тоа каков борец е тој. Потребна е голема експлозивна сила за да го собори. А добар борец во полутешка категорија може да го направи тоа, како што тоа го направи Џон Канингем“, рече Рој Џонс и подвлече:

„Усик треба да се обиде да го сробори Фјури, а потоа прашање е дали може да го направи тоа неколку пати. Ако не успее во тоа, не знам дали може да победи во таа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО