Рој Џонс Јуниор: Се враќам во рингот, лудост е да се одбие Мајк Тајсон! (ВИДЕО)

Поранешниот светски боксерски шампион во дури пет тежински категории Рој Џонс Јуниор потврди дека тој е можниoт противниk на легендарниот Мајк Тајсон.

„Да вистина е, Мајк е легенда. Би било лудост да се одбие понудата да влезам во рингот со Тајсон. немав намера да се враќам во рингот и повторно да боксувам но поради Мајк Тајсон подготвен сум на исклучоци. За мене ива е можност која не можам да ја одбијам. Од сите кои сакаат да влезат во рингот со него, тој ме избра мене, а бидејќи веќе одлучи – како тогаш да кажам не“, изјави Рој Џонс Јуниор.

Денеска медиумите во САД објавија дека Тајсон и Рој Џонс Јуниор разговарале за нивниот дуел кој најверојатно ќе се одржи во септември годинава. Предвидено е да се боксуваат осум рунди, но се уште не е утврдено во која категорија би боксувале.

54-годишниот Тајсон неодамна објави дека планира да се врати во рингот и боксува во хуманитарни цели и веќе започна со тренинзи. Тајсон во кариерата има 50 победи од кои 44 се со нокаут и има уште шест порази и два поништени борби. Последниот бокс меч му беше на 11 јуни 2005 година кога загуби од Ирецот Кевин Мекбрајд.

Четири години помладиот Рој Џонс Јуниор се пензионира во 2018 година со скор од 66 победи од кои 47 со нокаут и девет порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО