Мајк Тајсон: Плачев пред секоја борба

Мајк Тајсон е еден од најголемите шампиони во историјата на боксот и сите го знаат тоа. 54-годишниот Американец ја газеше конкуренцијата од 1985 до 1996 година. Железниот Мајк успеа да забележи 45 победи и само 1 пораз во овие 11 години и стана најмладиот шампион во историјата на боксот. Тајсон делеше тешки нокаути и секогаш ќе остане еден од најстрашните боксери во историјата.

Тајсон  честопати говореше дека во риногот се претвора во друг човек и таа личност го плаши. Неодамна, во својот подкаст откри дека плачел пред секоја од неговите боксерски битки, затаошто знаел дека ќе стане некој што не го сакал.

„Секогаш плачев пред моите борби. Таков сум. Се подготвував да станам човек кој не ми се допаѓа. Тој човек ми донесе завист, вина и многу други работи. Тој човек не сака да си замине. Тој човек е лош. На се што се сеќавам од минатото, мајка ми, моето семејство, сето тоа беше тој човек. Тој е моето его и не сака да си оди. Сега можам да го контролирам. Од време на време тој повторно се појавува“, рече легендарниот боксер, кој тренира за да се врати во рингот, иако веќе е во години.

Последната борба на Тајсон беше во 2005 година и загуби од Кевин МекБрајд, влегувајќи во серија од два последователни порази. Тајсон се повлече со скор од 50 победи, 6 порази, 1 дисквалификација и 2 НЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО