Рој Џонс Јуниор ја заврши боксерската кариера

Roj dzons pozira

Поранешниот светски шампион во четири боксерски категории, 47-годишниот Рој Џонс Јуниор нема веќе да се натпреварува. Ова го изјави сопственикот на менаџерската компанија „Патриот“, Димитриј Лучников.

„Не сакаме повеќе Џонс да се бори. Мислам дека е правилно да се каже дека тој веќе е пензиониран. Во моментов ги организираме неговите музички настапи во Русија. Ќе направиме и серија на турнири „Рој Џонс куп“. Подготвуваме низа заеднички активности“.

Последната борба на Џонс беше на 12 декември во Москва, кога загуби во четвртата рунда од 35-годишниот Енцо Макаринели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО