Роган за победите на Федор во Прајд: Всушност, не знам колку тие се регуларни…

Џо Роган во својот последeн Подкаст изрази загриженост за регуларноста за големата победничка  низа на Федор Емилијаненко од времето кога се појави во Прајд. Причината за ова е лесно да се претпостави, односно во прашање е постојаната тема за недостаток на тестирања на недоволени средства.

Победата на Федор Емилијаненко над Френк Мир се уште е главна тема во ММА круговите, а секако дека преку својот Подкаст мораше да ја провлече во моментов најпознатиот и најпопуларенаММА подкастер во светот, УФЦ коментаторот Џо Роган. Тој одлучи малку и и да се пошегува на сметка на Федор, па го спомна неговото време додека жареше и палеше со јапонскиот Прјад. И тоа не го направи во позитивен контекст.

„Треба да му дадете повторно да се бори во Јапонија, дајте му го она што е негово. Искрено, сите тие победи во Гордоста се многу сомнителни и не знам колку се регуларни. Се разбира, мислам стероидите и други средтства на допинг. А и лесно е да се заклучи дека гледаме сосема поинакво човечко суштество отколку што гледавме таму. Белатор пордаи тестирање, тие соработуваат со атлетските комисии. Кој знае што се правеле таму, но доволно е да се разговара со некои од борците кои настапувале таму. Еден Енсон Ину зборуваше дека во договорите со големи букви било нагалсено дека борците нема да тестирани на стероиди“, рече Роган на оваа тема.

Сепак, на крајот малку ја „спушти топката на земја“ и призна дека победите на Федор навистина имаат вредност, затоа што ако некој нешто земал, а земале и услови биле исти за сите.

„Секако, факт е дека таму сите биле на нешто, а Федор ги претепа сите. Сите беа на исто срање, но Федор беше доминантен“.

Во златното време на неговата кариера, Федор имаше серија од 27 победи, со една поништена борба. Во моментов е на скор од 37 победи и пет порази, додека во ринговите и кафезитена американските промоции постигна по четири победи и порази.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО