Родолфо Виеира се свртува кон ММА и Калифорнија (ВИДЕО)

rodofo vieirra

Четирикратниот светски шампион и носител на шест „World Cup“ титули во бразилското џиу џицу – Бразилецот Родолфо Виеира се ориентирани главно кон ММА сцената. За разлика, можеби од најсериозниот противник на татамито – Маркус Алмеида, кој исто така се преслушува пред да донесе категорично решение, Родолфо е убеден каков ќе биде неговиот следен чекор.

За „Tatame magazine“, тој изјави дека неговите планови се, засега, да остане во мешаните боречки вештини.

„Навистина не сакам само една средба. Сакам да почнам сериозно да тренирам. Не сакам само да се тестирам. Јас барам тим со кого секојдневно ќе тренирам. Ајде да видиме како ќе ги поднесам тренинзите, тие се потешки и од самите борби. Сакам да тренирам шест месеци пред мојот прв натпревар, но не брзам никаде. Претпочитам да започнам умерено, бидејќи тоа е нешто ново. Нешто, со што ќе почнам од почеток“.

vieirra 3

Родолфо е речиси сигурен дека ќе премине во ММА, само е прашање на време. Изјави дека ќе се пресели во Калифорнија, каде што ќе тренира со неговиот пријател и поранешен светски шампион на УФЦ – Лиото Мачида во Блек хаус ММА.

„Сега имам 24 години и можеби е вистинскиот момент за промена во мојата кариера. Ако работите не одат според планот и бидам поразен, мислам дека ќе имам доволно време да се вратам на високо ниво на натпреварувачката сцена во џиу џицу. Сега сум 101 килограм и треба да ја симнам тежината ако се натпреварувам во ММА, но мислам дека можам да го направам тоа како што треба. Разговарам со моите тренери и некои пријатели, како Лиото Мачида, и размислувам да тренирам во Калифорнија, за да се тестирам себе“.

Vieirra 2

Родолфо Виеира е еден од најпознатите спортисти на елитно ниво во бразилското џиу-џицу. Поседува исклучително богат арсенал на напаѓачки техники. Негов најголем квалитет е неверојатната способност да наметнува високо темпо при менувањето на гардот на своите противници. Брзината – вродена за натпреварувач од најлесните категории, опиплива сила и издржливост, со техничка издржаност на неговата борба, го прават еден од најдобрите, доминантните, натпреварувачи во тешка категорија на светско ниво. Тоа што го разликува од многу други, е фактот дека секогаш ги брка противниците и многу ретко заработува поени. Така, тој се претвора во фаворит на публиката, без разлика каде се натпреварува. Најверојатно, во мешаните боречки вештини ќе дебитира, наредната, 2015 година.

Избрани моменти од кариерата на Родолфо Виеира во бразилската џиу џицу.

Ви претставуваме краток документарен филм за овој натпреварувач – Видео

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО