Родолфо Виеира и Бруно Малфасин ќе учествуваат на Шуто Бразил

Бразилските џиу џицу ѕвезди Родолфо Виеира и Бруно Малфасин ќе земат учество на претстојниот настан Шуто Бразил на 27 август во Рио де Жанеиро.

Влегувајќи во втората ММА битка Виеира ќе се сретне со Наталисио Насименто Филјо додека Малфасин дебито во светот на ММА ќе го направи против Ромарио Гарсија.

Како Виеира, така и Малфасин имаат сериозни борби позади себе кои вклучуваат бројни светски титули и место во „Куќата на славните на Бразилската федерација за џиу џицу“.

Во првата ММА борба во февруари оваа година на „Арзалет фајтинг“ во Сао Паоло, Бразил, Виеира го победи Данијар Зарилбек со сабмишн (давење од позади) во првата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО