АктуелноДруги вештиниТаеквондо

Роденденска желба на Милијана Рељиќ е олимписка А норма за ОИ 2028

Нашата олимпијка и најдобра спортистка за 2024 година Милијана Рељиќ денеска слави 22 роденден.

Милијана е една од најуспешните наши спортистки и најсилен адут за избор на А норма за следните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028.

Со своите 22 години Милијана има учество на Олимписки игри каде го направи и најголемиот успех совладувајќи ја двократната олимписка шампионка Британката Џејд Џонс, 2 златни и еден бронзен медал од Европско клупско првенство, учество на 2 светски првенства, 5-то место на Европските игри и 20-тина медали од најсилните Г1-2 турнири од светската лига, меѓу нив медали од Шведска, Естонија, Израел и многу други земји.

Среќен роденден ти посакува тимот на Ипон.мк , многу среќа и успех, а круна на се да биде олимписката норма.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON