Ристо Димитров во султанатот Оман засади дрвца на Светскиот ден на џудото (ФОТО)

Ристо Димитров – Чурино спортското однесување и навики ги пренесува и во Оман каде што работи како тренер во УФЦ џим Оман, каде што многу работи се напревни за прв пат, па така денес на Светскиот ден на џудото го одбележаа 28 октомври и засади дрвца, приклучувајќи се на годинашново мото „Засади дрво“.

Во акцијата беа вклучени ученици од различни националности кои засадија неколку дрва пред седиштето на UFC GYM Oman.

И матичниот клуб на Димитров ЏК Чурин во Битола го одбележа Денот на џудото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО