Риос: Не го нокаутирав Мек Грегор, ниту знам кој е тој (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во суперлесна и полусредна категорија Џеси Варгас рече дека слушнал дека Брендон Риос го нокаутирал Конор Мек Грегор на спаринг меч.

Ирецот се подготвува за бокс мечот со Флојд Мејведер на 26 август.

Бидејќи Варгас самиот не го видел наводниот случај, таа приказна моралда ја слушне најмалку од втора рака. Спомнатиот Риос, поранешен ВБА шампион во лесна категорија со скор 34-3-1, 25 КО, негира дека такво нешто се случило, згора на тоа, вели дури и дека не го познава УФЦ шампионот.

„Не, човеку. Варгас се заебава. Никогаш не сум го запознал тој ебач. Не знам ништо за него, никогаш не сум се запознал со него, но би сакал да спаринувам со него“, рече за ЕС Њус.

„Светот полудел. Постојано добивам пораки. Ниту не знам кој е тој. Искрено, иако гледам ММА не знам кој е тој. Знам дека го задави ебаниотт Нејт Дијаз“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО