Ринг девојките одговорија на критиките од Хабиб

Минатиот месец Хабиб Нурмагомедов ги критикуваше девојките во боречките вештини. Говорејќи на прес -конференција во Русија Хабиб рече дека ова се најнепотребните луѓе во боречките спортови. На адреса на „Орелот“ стигнаа многу критики, но и потсмев за оваа изјава.

Конор Мек Грегор објави меме на социјалните мрежи, исмејувајќи го Нурмагомедов. Бритни Палмер и Аријана Селеста, кои се едни од најпознатите ринг девојки му одговорија на Нурмагомедов. Палмер го сподели мемето на Мек Грегор и одби да му се извини на Хабиб.

„Селеста, пак, напиша долга објава на социјалните мрежи. Таа истакна дека со нејзината работа се збогатила и купила 3 ​​куќи во Лос Анџелес. Аријана повика на почит, бидејќи ринг девојките работат напорно.

Таа ги покани медиумите да зборуваат за нешто друго освен ринг девојките и критиките на Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО