Рико Верховен во декември во Германија ќе се бори со Бадр Хари.
Претходно, на 9 септември во Њу Џерси петти пат ќе ја брани титулата во тешка категорија на Глори против Бразилецот Андерсон Бредок Силва.
Во склоп на подготовките 27-годишниот Холанѓанец отпатува во Тајланд. За престојните мечеви се подготвува во Суперпро сами џим.