СКАНДАЛ: Олимписките медалисти веќе биле наместени

boks pobednik za OI

Три дена пред почетокот на Летните олимписки игри во Рио изби голем скандал. Се појавија сериозни обвинувања дека натпреварите од боксерскиот турнир веќе се наместени. Авторитетниот англиски весник „Гардијан“ објави дека судиите ќе манипулираат со жребот и средбите. Меѓународната федерација за бокс (AIBA) ги отфрли обвинувањата и ги нарече „гласини“.

Според весникот, „водечки фигури во аматерскиот бокс предупредиле дека многу натпревари, вклучувајќи ги и решавачките за медалите, може да бидат наместени“.

Голем број на извори на весникот изјавиле дека судиите се сретнале за да разговараат за тоа како да се одреди еден или друг победник. Еден „ужасен висок претставник“ изјави дека „нема сомнение“ дека судиите и арбитрите во Рио ќе бидат корумпирани. Повеќето извори не сакале да излезат со име и презиме, за да не предизвикаат реакции против сонародниците на рингот. Но, тие тврделе дека по Олимписките игри во Лондон системот за манипулација на средбите станал уште поусовршен и помасовен.

АИБА ги отфрли обвинувањата и побара докази од весникот. „Сакаме да нагласиме додека не видиме докази, а има само гласини, нема да коментираме. Улогата ни е да гарантираме чесен и транспарентен турнир, а милионите фанови да уживаат во натпреварите на кои ќе се добијат 13 големи и неоспорни шампиони“, се вели во изјава на Федерацијата.

Еден од ретките цитирани извори – ирскиот судија Симс Кепи, изјави дека бил замолен да ги прилагоди натпреварите на Арапските игри во Доха во 2011 година преку систем од сигнали. Тој тврди дека неговите колеги се плашат отворено да зборуваат за тоа.

„Луѓето се плашат, бидејќи ќе бидат отстранети и нема да одат на Олимпијадата или на други големи првенства. А и нивните боксери може да настрадаат“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО