АктуелноБоксПрофесионален

Рико Верховен: Разбирам зашто луѓето мислат дека немам шанси против Усик

Рико Верховен зборуваше за очекувањата околу неговата веќе договорена борба против Алексанадр Усик, која ќе се одржи на 23 мај во пирамидите во Гиза. Мега борбата ќе биде за светската титула во тешка категорија и ќе ги соочи една од најголемите ѕвезди во кикбоксот со еден од најдоминантните шампиони во модерниот бокс.

Сепак, поранешниот долгогодишен шампион во тешка категорија на Глори е убеден дека неговото искуство на најголемата сцена и годините под притисок можат да се покажат како сериозен фактор.

„Секогаш има тензија, но најважно е да се ужива во процесот, а не само во самата борба“, изјави Верховен за ДАЗН бокс.

Холанѓанецот признава дека многу фанови на боксот не знаат доволно за неговата кариера во кикбоксот.

„Разбирам зошто луѓето мислат дека немам шанса. Ова се фанови на боксот и повеќето од нив веројатно не го следат кикбоксот и немаат поим кој е Рико“.

Сепак, Верховен потсети дека доминира во тешката категорија на кик боксот повеќе од една деценија и е навикнат на огромната тензија околу големите борби.

„Доминирам во кик боксот во тешка категорија од десет години. Навикнат сум на големите светла, големата сцена, интервјуата и тензијата“.

Холанѓанецот употреби и интересна метафора за да го опише својот живот како шампион.

„Целта ми беше на грб толку долго затоа што го имав она што другите го сакаа. Се чувствувам како риба во вода“.

Очекувањата за судирот со Усик се веќе огромни, а борбата се оформува како еден од најинтересните вкрстени настани во боречките спортови во последниве години.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON