Рико Верховен против Тарик Осаро на Глори: Колишн 6

Живата легенда на Глори Рико Верховен се враќа во кафезот.

„Кралот на кик боксот“ ќе ја брани титулата во тешка категорија против опасен противник. Рико се соочува со привремениот шампион Тарик Осаро на Колишн 6 на 4 ноември во Арнем, Холандија.

Верховен има скор од 60-10 во кик-бокс и 20 пати победил со нокаут. Тој е во серија од 16 победи. Рико последен пат го победи Хесди Гергес на крајот на 2022 година. Тој требаше да се бори со Антонио Плазибат но се повлече поради повреда.

Верховен има 10 одбрани титула и е непоразен од 2015 година.

Осаро има скор 12-2-2 во рингот и е во победничка серија од 4 борби. Тарик победи 7 пати со нокаут. Во последната борба во јуни Тарик го нокаутира Плазибат и ја освои привремената титула.

Претходно,во април, го освои турнирот во тешка категорија на Глори. Осаро во Глори загуби само од Леви Ригтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО