92- годишен дедо, поранешен боксер, патосира две момчиња (ВИДЕО)

Пред влезот на еден „Мекдоналдс“ во Велика Британија изби тепачка во која главна улога има поранешен 92-годишен боксер.

Профил на Твитер кој крајно сериозно ги следи сите случувања во светот на боксот ја објави информацијата дека дедото има 92 години и дека е поранешен борец.

Неколку луѓе го нападнале дедото не знаејќи дека е подготвено да возврати.

Борбата траеше неколку минути, а виталниот старец успеа да ги нокаутира двајцата напаѓачи. Во неколку наврати ги легна двајцата на плочникот и не се откажа. Му се допадна борбата, па секој пат се враќаше да ја заврши работата.

На крајот малку му снемало сила, па еден дечко успеал да го собори, но за разлика од ривалите, дедото брзо се врати на нозе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО