Хабиб сакал 5 милиони долари за граплинг меч со Сент Пјер

Познатиот граплер, бразилскиот светски шампион во џиу-џицу Крег Џонс зборува за неуспешната борба меѓу поранешните шампиони на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов и Жорж Сент Пјер.

Хабиб сонуваше за ММА борба со Сент Пјер, но тоа не се случи. Пред неколку недели беше објавено дека Сент Пјер се враќа да себори во граплинг меч на 14 декември. Мечот ќе биде дел од турнирот УФЦ Фајт пасс инвитејшнл 6.

Жорж долго време бараше ривал. На крајот, со него ќе се соочи легендата Демијан Маја. Џонс изјави дека сакале Сент Пјер да се натпреварува со Хабиб, но Нурмагомедов сакал превисок хонорар.

„Разговарав со момците од УФЦ Фјат пасс и тие се обидоа да ме прашаат за противниците на Жорж Сент Пјер. Сакаа да давам идеи. А немав поим кого да именувам. Очигледно, го именував Хабиб Нурмагомедов.

Како што се сеќавам, тие рекоа дека Хабиб сака 5 милиони долари за граплинг меч. И си помислив: „Леле“. Очигледно има високо мислење за себе“, изјави Џонс во интервјуто за џиу џицу на Б-тим.

Очигледно организаторите не биле подготвени да му дадат толкав хонорар на Дагестанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО