Рико Верховен побара реванш со Усик: Време е за последниот танц

Светскиот шампион во кик бокс, Рико Верховен, официјално го предизвика Aлександaр Усик на реванш откако Украинецот се откажа од трите светски титули во тешка категорија.
Холанѓанецот се огласи на социјалните мрежи за да го предизвика Усик за уште еден меч, за кој верува дека би можел да стане најголемиот кросовер настан во боречките спортови.
„Последниот танц! Време е за реванш. Ајде да го направиме ова најголемата кросовер борба на нашето време“, рече Верховен, пренесе Ринг.
Тие се сретнаа кон крајот на мај во Египет, каде што Усик победи по контроверзното прекинување на борбата. Тимот на Верховен поднесе официјален протест, тврдејќи дека борбата е предвреме прекината, но Светскиот боксерски совет (ВБЦ) ја отфрли жалбата.
По одлуката на Усик да се откаже од ВБА, ВБЦ и ИБФ титулите, Украинецот повеќе не е обврзан со задолжителни одбрани, што отвора можност за организирање атрактивна борба надвор од традиционалните шампионски обврски.
39-годишниот Усик веќе објави дека планира да има само уште една професионална борба пред конечно да ја заврши кариерата. Затоа Верховен се надева дека последната борба на Украинецот ќе биде реванш против него.



