Рико Верховен го дозна противникот за ММА дебито

rico verhoeven xfs

Шампионот на Глори во тешка категорија, Рико Верховен, на 19 октомври, ќе го има своето деби во ММА на настанот на романската промоција RXF.

26-годишниот „Принц“ на Реал екстрим фајт настанот во Сибиу ќе се бори против Виктор Богутцки.

Станува збор за германски кик боксер кој според Шердог има ММА скор 0-1. Во неговата единствена борба минатата година во Чешка загубил со давење од позади во првата рунда. Летово загуби со нокаут на Супер комбат од Раул Катинас.

ricoverhoevenmma55

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО