Чифлиганец му го честиташе изборот на Добре Маринков за претседател на Балканец

Cifliganec so odelo

Претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Ванчо Чифлиганец, му го честиташе изборот на Добре Маринков за претседател на БК Балканец преку фејсбук страницата на Федерацијата.

„Со голема радост ја примив веста дека подржувачите на борењето, Вас ве избрале за председател на БК ,,Балканец‘‘-Штип. Од се срце Ви го честитам изборот. Ви посакувам успех, и може да сметате на мојата и подршката од ФБСМ, сега и во иднина, во насока за просперитет, на спортот и борењето.
Ме радува што штипјани се одлучија и на чело на БК ве поставија Вас, човек со визија за развој на борењето, почитуван граѓанин, потврден спортски работник, истакнат тренер, докажан борач, и менаџер во спортот. Вие досега остваривте забележлив успех во борењето -слободен стил, најпрво како борач и тренер во БК,,Рудар‘‘, сегашен БК ,,Бучим‘‘-Радовиш. Минатото е доволна гаранција дека борењето во Штип денес доби вистински човек, на вистинско место.
Верувам дека Вие имате капацитет и ќе ги обедините сите структури. Ќе успеете да ги обедините сите генерации. Ќе ги сплотите: борачите, тренерите, спортските работници, но и спонзорите, подржувачите, љубителите на борењето и локалната самоуправа на чело со потврдениот градоначалник Илчо Захариев, и сите Вие ентузијастите ќе му го вратите некогашниот сјај на борењето во Вашиот клуб, но и пошироко.
Верувам дека благодарение на вашето и ангажирањето на голема плејада ентузијасти за кратко време БК ,,Балканец‘‘-Штип ќе се препороди, со што ќе дадете придонес во развојот на спортот во Штип, во Република Македонија, но и надвор од нашата татковина, во Европа и во Светот. Вашето огромно спортско и животно искуство , но пред се младешка енергија, се доволна гаранција за успех“, се вели во честитката на претседателот на ФБСМ до Добре Маринков.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО