Рико Верховен – Андерсон Силва (ВИДЕО)

riko-mava-vo-silva

Рико Верховен во Трентон, Њу Џерси, по петти пат ја одбрани својата титулата шампион на Глори во тешка категорија.

27-годишниот Холанѓанец со прекин во втората рунда го победи Бразилецот Андерсон-Бредок Силва.

Верховен на 10 декември во Оберхаузен ќе се бори против Бадр Хари.

Мет Ембре изненадувачки победи на турнирот на предизвикувачи во перолесна категорија. Во финалето го нокаут Чиадѕе Гига, кој во полуфиналето го победи поранешниот шампион Сергеј Адамчук.

Канаѓанецот ќе мора да почека за неговата борба за титулата, бидејќи веќе е закажан мечот меѓу шампионот Габриел Варга и Робин ван Ромсален.

https://youtu.be/ZcMlXDoM8Lk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО